Фудбал
Дали во осминафиналето во ЛШ не чекаат „пеколни“ мечеви, ако се верува на статистичарите, тогаш одговорот е ДА?!
Познати се 15 учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите, уште се чека на Виљареал или Аталанта, кои поради снегoт, денеска ќе го одиграат својот меч. Статистичарите веќе се занимаваат со потенцијални парови.
Според проценките, најголеми шанси за дуел во осминафиналето имаат Реал Мадрид и Челзи, дури 32,32%. Двата тима се сретнаа во април во полуфиналето, Тухел му одржа час по фудбал на Зидан и заслужено се пласираше во финалето каде го победи Сити.
Реал има голема шанса да го извлече ПСЖ, 19,39%, објавија шпанските статистичари.
Важно е да се истакне дека Челзи како не може да се падне со англиските тимови – Сити, Јунајтед и Ливерпул, како и Јуве со кој беше во групата, па шансите да се сретнат со Реал се многу поголеми. Потенцијални ривали на Челзи покрај Реал се само Баерн, Лил, Ајакс.
Што се однесува до Атлетико Мадрид, според математиката, најмногу шанси да им бидат противници се Јунајтед и Јуве. Доколку Виљареал ја совлада Аталанта, шансите Атлетико да игра против Јунајтед или Манчестер Сити се 18,53%, колку што е и за потенцијалниот дуел со Јувентус. Шпанските статистичари исто така истакнаа дека шансите Атлетико да се сретне со Јувентус ќе се зголемат на 22,25% доколку Аталанта го мине Виљареал.
Да потсетиме, во првиот шешир се – Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн, Манчестер Јунајтед, Лил и Јувентус. Во вториот се – ПСЖ, Атлетико, Спортинг, Интер, Бенфика, Салцбург и Челзи, а се чека уште победникот од дуелот Виљареал и Аталанта кои ќе се сретнат вечерва од 19.00 часот.
Во понеделник напладне е закажана ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите.