Connect with us

Фудбал

Дани Алвеш го доби најтешкиот удар во кариерата, па реши да одговори: „Тој тип е…

Дани Алвеш од минатата недела и официјално е слободен играч откако му истече договорот со Барселона.

На изненадување на сите, Бразилецот вториот дел од минатата сезона го мина во дресот на Барселона, а се очекуваше каталонскиот клуб да му го продолжи договорот, но тоа не се случи.

 

Алвеш беше подготвен да потпише договор за само шест месеци за да има клуб и да биде во конкуренција за составот на Бразил за Светското првенство.

Сепак, во Барселона решија дека повеќе не им треба Алвеш и јасно му ставија до знаење дека нема да добие нов договор. Бразилецот на секој начин се обидува да најде нова работа и целта му е да остане во Европа доколку може.

Шпанските медиуми дури пишуваа дека Алвеш се понудил на некои клубови преку мејл, меѓу кои Специја и Ваљадолид. Сепак, Алвеш доби и одбивање од нив.

 

Претходните денови се шпекулираше дека интерес за Алвеш пројавил мексиканскиот Тигрес, па дури и бил воспоставен контакт и Бразилецот бил заинтересиран да замине во овој клуб, но ниту тоа не вродило со плод.

Како што пренесува Marca, Тигрес на крајот се откажал од доведување на Алвеш бидејќи тренерот на оваа екипа Мигел Ерера смета дека овој дефанзивец е премногу стар за својот тим, и дека повеќе не е на истото ниво како порано.

„Да се ​​донесе играч на негова возраст е повеќе шоу за медиумите поради големото име, а не поради тоа што може да даде на теренот. Сакам да го подмладам тимот и не ми треба Дани Алвеш бидејќи тој е премногу стар. Го сакам Дани и тој беше еден од најдобрите десни бекови во светот, но денес на таа возраст тој е само магнет за медиумите и повеќе внимание кон клубот, што навистина не ни треба“, изјави Херера. .

Алвеш баш и не се согласува со изјавата на тренерот на Тигрес и реши да се огласи на Твитер.

„Овој ебен лик сега го контролира и времето“, напиша Алвес.