Connect with us

Тајмаут

Дани Алвеш скапува во затвор, му се суди за силување на девојка, а сега сопругата го остава: Тешко ми е да прифатам! (ФОТО)

Познатиот фудбалер од Бразил Дани Алвеш се наоѓа во затвор каде го чека почетокот на судскиот процес за силување.

Настанот се случил пред Нова година, кога Дани Алвеш за време на ноќно излегување силувал 23-годишна девојка во тоалетот на еден бар во Барселона. Барем, такво е обвинението, а треба да следи судење. Тој беше приведен во полиција на 20 јануари и оттогаш е во притвор. Судот го одби неговото барање тој да биде ослободен додека трае судењето. Целиот скандал тешко го прифати неговата сопруга, поранешната манекенка Џоана Санз. Таа веднаш се огради од сопругот, ги избриша сите заеднички фотографии на социјалните мрежи, а денеска и официјално поднесе барање за развод.

– За животен сопатник избрав личност која во моите очи беше совршена. Секогаш беше таму кога ми беше најпотребен, секогаш ме поддржуваше во се, ме охрабруваше да напредувам, беше нежен, внимателен… Толку ми е тешко да прифатам дека оваа личност ме растури на илјада парчиња – напишала Јоана во тетратката, а потоа ги објавила сите делови од нејзините пишувања на социјалните мрежи.

Advertisement