Connect with us

Фудбал

Дани Алвеш собори рекорд, стана најстариот играч кој го носел дресот на Барселона

Бразилецот Дани Алвеш постави нов рекорд во Барселона. Тој се најде во почетниот состав на Каталонците на вечерашниот дуел со Гранада и со 38 години и 247 дена стана најстариот играч кој настапувал за каталонскиот гигант во шпанското фудбалско првенство.

Барселона води со 1:0, а токму Алвеш беше асистент при постигнување на голот на Де Јонг во 57.минута.

Овој натпревар е во рамките на 20. коло од Ла Лига,  а заврши без победник 1:1 откако во 89-та Пуертас израмни.

Бразилецот го надмина голманот Хозе Пинто, кој за Барселона играше со 38 години и 190 дена, на 17 мај 2014 година против Атлетико Мадрид.

Реклама

Facebook

Реклама