Фудбал
Дарко Велковски за уште една година го продолжи договорот со Ријека
Македонскиот дефанзивец стави потпис на нов договор со Ријека. Дарко Велковски уште една сезона останува во хрватскиот прволигаш Ријека, одлучувајќи да го продолжи договорот до јуни 2022 година.
„Велковски, како најголема енигма на ‘Руевица’ е продолжена соработката за нова една година. Дефанзивецот уште од доаѓање од Вардар во 2018 година повеќе игра за македонската репрезентација, а веќе е повикан и за настап на ЕП, одошто игра за својот актуелен клуб. Беше тешко да се поверува дека клубот ќе ја продолжи соработката со играч кој воглавно е неподготвен или повреден и така веќе три години од сезона во сезона. Оваа сезона има само осум настапи од кои само три по 90 минути. Или ако се изброи по минутажа, како да одиграл само шест цели меча. Но, Велковски оди на ЕП со репрезентацијата во која е стандарден, а ако одигра добро и забележително, тоа е добра шанса за Риека. Во моментов продолжувањето на соработката е многу прагматичен потег, но веројатно и последна шанса за него во Риека“, пишува локалниот весник.
Инаку Велковски во Ријека дојде во летото 2018 година, откако претходно блескаше во Вардар, а во Работнички си се промовира како еден од нашите најголеми таленти во тоа време.
Беше дел и од младата репрезентација на Македонија која настапи на ЕП во Полска 2017 година.
Велковски на 31 март на гостувањето кај Германија, кога Македонија победи со 2:1 го одигра мечот на кариерата.