Connect with us

Фудбал

Давид Алаба во Реал Мадрид

Давид Алаба (28) ќе стане нов играч на Реал Мадрид.

Марка вечерва објави дека австрискиот фудбалер ги договорил условите со мадридскиот гигант. Тој беше подложен на лекарски прегледи во присуство на докторот на Реал и потпиша преддоговор.

Алаба договори четиригодишен договор со Кралевите вреден близу 11 милиони евра годишно, а играчот официјално ќе стане член на Реал во јули.

Австрискиот фудбалер ќе го напушти Баерн по 13 години. Тој дојде во Минхен во 2008 година, а е член на првиот тим од 2010 година.

Со исклучок на кратка епизода во Хофенхајм, Алаба е незаменлив член на Баерн со години и освои апсолутно сè со клубот.

Одигра вкупно 408 натпревари и постигна 32 погодоци.