Connect with us

Други спортови

Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија

Третиот викенд на ТЦР Европа се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија, каде што повторно е предвидено најдобрите пилоти од „Стариот Континент“ да возат заедно со учесниците од ТЦР Светската серија.

Новиот формат во борбата за светската титула предвидува ТЦР Светската серија да се вози заедно со повеќе различни ТЦР првенства, а на крајот од годината да се направи посебен настан на којшто право на учество ќе добијат 60 најдобри возачи, кои ќе се борат за светската круна.

Меѓу нив со свои шанси е и македонскиот возач Виктор Давидовски, кој на денешните квалификации на Спа Франкоршамп го освои петтото место во конкуренција на возачите на ТЦР Европа, додека меѓу сите 23 учесници е рангиран на 13 место.

Првата трка се вози попладнево со почеток во 15:30, а втората ќе биде утре со почеток од 12:40 часот.