Connect with us

Фудбал

Де Бјази: „Нам ни помогна црвениот картон“

Фудбалската репрезентација на Азербејџан ја совлада Македнојиа со 3:1 во Скопје.

Селекторот на Азербејџан, Џани де Бјази на прес-конференцијата по натпреварот истакна дека е задоволен од победата на неговиот тим и дека црвениот кратон му помогна во победата над Македокнија.

„Натпреварот не го отворивме како што сакавме и примивме гол. Сепак, играчите ми кажаа дека немаше контакт при пеналот. По голот ја стабилизиравме играта, бевме подобри, а иако Македонија имаше добри шанси, сметам дека ние заслужено победивме. Ние сме сè уште во процес на развивање на гирата. Ова е историски резултат, првпат славевме со Македонија, а ние имаме пет победи во низа. Од играчите барам брза пас игра, со која ќе создаваме опасност на сите ривали. 

Македонија има индивидуален квалитет, добра репрезентација е. Нам ни помогна црвениот картон. Не треба да се губи надеж, на моја лична жал овој тим ја победи мојата Италија во Палермо. Не би го споредувал овој дуел со претходниот меѓусебен натпревар“, кажа Де Бјази.