Connect with us

Фудбал

Де Бруин прогласен за Играч на сезоната во Премиер лигата

Манчестер, 16 август 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин е избран за играч на сезоната во Премиер Лигата. 29-годишниот Белгиец постигна 13 гола во лигата и го израмни рекордот за асистенции со 20. Неговиот тим заврши на второто место во лигата, 18 поени зад шампионот Ливерпул.

Победникот беше одреден со гласање на навивачи, надополнето со изборот на капитените на екипите во Премиер лигата и избрани фудбалски експерти. Де Бруин стана трет Белгиец со наградата во последните 9 години по Винсент Компани и Еден Азар.

Играчот од средниот ред на Сити се соочи со конкуренција од триото на Ливерпул – Трент Александар-Арнолд, Џордан Хендерсон и Садио Мане, Дани Ингс од Саутемптон, Џејми Варди од Лестер и голманот на Барнли – Ник Поуп.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com