Connect with us

Фудбал

Де Брујн ги покажа повредите, има скршен нос, а го пропушта и стартот на ЕУРО

Де Брујн го напушти мечот во 60-та минута поради судирот со Рудигер и веднаш беше пренесен во болница.

Кевин Де Брујн има скршен нос и скршеница под окото предизвикани од тешкиот судир со Антонио Рудигер во финалето на Лигата на шампионите.

„Штотуку се вратив од болница, мојата дијагноза е акутна фрактура на носната коска и фрактура на очната шуплина. Добро се чувствувам, но и понатаму сум разочаран поради вчерашниот пораз, но ќе се вратиме“, порача Белгиецот.

Белгискиот фудбалер мораше да ја напушти играта и да ја пропушти завршницата од мечот, кој неговиот тим го загуби со минимален резултат.