Connect with us

Фудбал

„Де Хеа е Меси за голманите, но слушнав дека не сака да тренира“

Шпанскиот голман Давид Де Хеа има добиено многу комплименти, но се уште никој го нема наречено „Меси за голманите“. Се до денес.

Голманот на Ватфорд Бен Фостер зборуваше за Де Хеа по натпреварот против Манчестер Јунајтед, на кој голманот на Црвените ѓаволи имаше неколку одлични паради со кои го спаси својот тим и ја осигура победата.

„Де Хеа е најдобар голман на светот со години. Тој е Меси за голманите, неговите одбрани се фантастични и некогаш оставаат без здив. Тој тоа го прави со толкава леснотија што изгледа како да не се ни труди, туку како тоа да е природно„ рече Фостер па додаде, па додаде.

„Мислам дека Де Хеа е светска класа благодарение на талентот, затоа што слушнав дека не сака да тренира и дека малку е мрзлив. Тренингот не е за него, но талентиран е максимално“.

Давид Де Хеа за Манчестер Јунајтед брани веќе седум години, а претходно бил член на Атлетико Мадрид. Во текот на кариерата многупати се поврзуваше со премин во редовите на Реал Мадрид, но тој трансфер никогаш не се остварил.