Фудбал
Де Хеа ја сака платата на Санчез
Првиот голман на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, испрати јасна порака до клупските челници во која им откри под кои услови ќе ја продолжи соработката.

Репрезентативецот на Шпанија има договор со “црвените ѓаволи” до 2020 година, но во последниот период доминираа шпекулациите дека Де Хеа сака да ја промени клупската средина.
На последниот состанок, Шпанецот ги информирал челниците дека ќе остане на “Олд Трафорд” само доколку доби идентична плата каква што има чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез, кој неделно заработува 500.000 фунти.