Фудбал
Де Хеа отфрли милиони од Ал-Наср поради сопругата, убавата Едурне не сака да живее во Саудиска Арабија
Легендарниот шпански голман Давид Де Хеа (33) се уште е без клуб откако летово го напушти Манчестер Јунајтед.
Де Хеа беше поврзуван со бројни клубови, дури и со шпанскиот второлигаш Елденсе, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
Очекувано, меѓу понудите што ги добил била и една од Саудиска Арабија, која Де Хеа ја одбил поради сопругата. Имено, саудискиот гигант Ал-Наср му понудил на Де Хеа годишна плата од 28 милиони евра, но шпанскиот голман им се заблагодарил и рекол дека не сака да потпише договор со нив.
Како што пренесува британски The Sun, Де Хеа ја одбил понудата бидејќи неговата сопруга Едурне Гарсија не сака да живее во Саудиска Арабија.
Де Хеа и популарниот шпански пејач се во врска од 2010 година, а се венчаа на 1 јули годинава во Менорка. Едурне, која ја претставуваше Шпанија на Евровизија во 2015 година, го убеди Дејвид да ја одбие понудата на Ал-Наср затоа што не сака да живее таму, но и нивната двегодишна ќерка Јанај да порасне на Блискиот Исток.