Connect with us

Фудбал

Де Хеа верен до 2023 година

Во следните неколку дена, првиот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, треба да го потпише новиот договор кој ќе биде со важност до 2023 година.

Англиските медиуми открија дека преговорите околу продолжувањето на соработката се во завршна фаза, а според новиот договор, репрезентативецот на Шпанија ќе има неделна плата од 400.000 фунти, што е речиси дуполо поголема од таа која моментално ја заработува на “Олд Трафорд”.

Со ваквиот потег се става крај на сите шпекулации околу клупската иднина на искусниот голман.