Поврзи се со нас

Фудбал

Де Лихт и Сандро се враќаат

Матијас де Лихт и Алекс Сандро се подготвени да се вратат во составот на Јувентус по натпреварите со националниот тим, но Федерико Киеза и Џорџо Киелини се уште се повредени.

Јувентус денес ќе се врати на тренинзите по три дена пауза што тренерот Андреа Пирло му ја даде на тимот.

Де Лихт и Алекс Сандро се очекува да бидат подготвени за натпреварот против Каљари на 21 ноември, веднаш по натпреварите за националните тимови.

Холандскиот дефанзивец тренираше со остатокот од тимот во текот на изминатиот месец, но нема одиграно никакви натпревари бидејќи го заврши своето целосно закрепнување по операцијата во август.

Алекс Сандро исто така имаше повреда во септември, исто како Де Лихт сè уште нема деби во оваа сезона.

Федерико Киеза минатата недела се здоби со повреда на мускулот на мечот со Лацио, па старата дама го задржа во Торино не дозволувајќи му да патува на натпреварите со националниот тим.

Додека централниот дефанзивец Киелини имаше повреда на мускулот пред натпреварот со Лацио, кој се очекува да отсуствува околу еден месец.

loading...

Facebook