Фудбал
Де Лихт: Сакаме да бидеме како Буфон, Бонучи и Киелини
Холандскиот дефанзивец на Јувентус, Матијас Де Лихт неодамна даде интервју за списанието „Икон“, каде зборуваше за вклучување на младите во клубот од Јувентус. Во интервјуто тој ја потенцираше одговорноста и амбициозноста на новодојденците:
„Само ако сте многу добри, вие го заслужувате дресот“, рече Де Лихт и продолжи:
„Ние младите добро го знаеме ова. Дефинитивно сме тука да растеме заедно со нашите поискусни соиграчи. Сите сакаме да бидеме како Киелини, Бонучи и Буфон. Ние работиме напорно секој ден, се запознаваме и се поттикнуваме кон подобрување. Ова е убавината да се има група млади луѓе“.
Во врска со неговото созревање, дефанзивецот истакна дека растењето во легендарниот холандски клуб му помогна да премине во Јуве.
„Стилот на Ајакс може да се сумира во два збора: храброст и дисциплина. Таму тие бараат да научите да играте со топката, без страв. Секогаш се работо за тоа и тоа е нешто што останува, менталитет кој многу ми помага во Јувентус”, истакна Де Лихт.