Connect with us

Фудбал

Дефанзивец на Јунајтед е заразен со КОВИД-19

Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека дефанзивецот Виктор Линделоф е позитивен на коронавирус и затоа го пропушти синоќешното реми со Њукасл. По резултатот од тестот, играчот веднаш бил ставен во изолација.

Шведскиот дефанзивец беше изваден на последниот меч во кој играше за „црвените ѓаволи“ – победата од 1-0 против Норич на Кероу Роуд, откако имаше потешкотии со дишењето.

За жал, вчера Виктор Линделоф даде позитивен тест, па не може да игра, но доброто е што Рафаел Варан повторно е на располагање и затоа беше во стартниот состав“, беше лаконскиот коментар на Ралф Рангник.

Реклама

Facebook

Реклама