Фудбал
Дефанзивецот на Борусија Дортмунд е заразен со Ковид-19
Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Дан-Аксел Загаду е позитивен на коронавирус и ќе го пропушти почетокот на вториот дел од Бундеслигата следната недела.
Французинот е на одмор, каде се заразил и се уште е во карантин, соопштија од клубот.
Следната недела Борусија ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт.