Connect with us

Фудбал

Дефанзивецот на Милан, Габија, има коронавирус

Милано, 9 октомври 2020 (МИА) – Централниот дефанзивец на Милан, Матео Габија се зарази со коронавирус.

Клубот беше информиран дека тестот на 20-годишниот фудбалер, воедно и младински италијански репрезентативец, има позитивен резултат.

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ и одбранбениот играч Леонардо Дуарте, кои се заразија во септември, сè уште имаат позитивен тест за Ковид-19.

Пред дербито во Милано, закажано за 17 октомври, има случаи на инфекција со коронавирус и во ривалот Интер, каде четири играчи одеднаш станаа позитивни: Раџа Наинголан, Роберто Гаљардини, Милан Шкрињар и Алесандро Бастони. зс/