Connect with us

Фудбал

Дефанзивецот се враќа во Интер

Централниот дефанзивец на Интер, Стефан де Фрај, треба да се врати против Каљари овој викенд.

Симоне Инзаги сигурно ќе го врати холандскиот дефанзивец во одбранбеното трио, покрај Алесандро Бастони и Милан Шкриниар.

Де Фрај е во аут веќе еден месец, а останатите дефанзивци неколку пати се преквалификуваа за да ја пополнат празнината што ја остави поранешниот дефанзивец на Лацио.

Лошата вест за Инзаги е што напаѓачот Хоакин Кореа нема да биде на линијата за мечот со тимот од Сардинија.