Connect with us

Фудбал

ДЕФИНИТИВНО Е КРАЈ: Барселона објави-Лионел Меси заминува, еве ги причините

По 778 мечеви и 21 година во дресот на Барселона, Лионел Меси заминува. 5-ти август 2021 ќе остане запишан во историјата како ден кога “Волшебникот” замина од клубот чија икона беше.

-И покрај тоа што  Барселона и Лионел Меси постигнаа договор и имаше јасна намера од двете страни денеска да се потпише договор, тоа не може да се случи поради финансиски и структурни пречки (Правилата на шпанската фудбалска лига“, соопшти ФК Барселона.
„Како резултат на оваа ситуација, Меси нема да остане во ФК Барселона. Двете страни длабоко жалат поради тоа што желбите на играчот и на клубот нема да бидат исполнети“, стои во соопштението на каталонскиот тим.

Речиси е невозможно да се замисли Меси во друг клуб, а тоа ќе биде ПСЖ или Манчестер Сити. Како што е познато Меси сакаше да замине минаната сезона, но Барселона не го дозволи тоа барајќи неверојатни 700 милиони евра.