Connect with us

Други спортови

Дејан Георгиевски: Ќе атакувам на олимпиското злато

Откако пред два дена обезбеди учество на Олимпијадата во Токио, македонскиот репрезентативец во таеквондо Дејан Георгиевски најавува дури и освојување на олимпиското злато

По големиот успех и освоеното прво место на квалификацискуот турнир во Софија, а со тоа и обезбеден настап на  Летни Олимписки игри во Токио Дејан Георгиевски е вториот македонски спортист кој обезбеди учество на претстојната Олимпијада.

На денешната средба со медиумите, тој дури и најави атак на олимпиското злато

„Благодарност до моите тренери Борче и Дарко Костовски. Без нив овој резултат немаше да се случи. Исто така благодарност до мојот клуб Бутел, моите клупски другари, моето семејство, но најмногу на Бог. Ова се денови кога македонската јавност дозна за историскиот успех. Ми следува малку одмор, а потоа се исклучуваме од реалноста и одиме на моментот Македонија да има олимписки златен медал“, изјави Георгиевски.

Претходно настап на обезбеди и борачот Могамедгаџи Нуров, а и каратистот Емил Павлов исто така е наш голем адут за претставник на Олимпијадата во  Токио.

Реклама

Facebook