Други спортови
Дејан Георгиевски ќе го носи македонското знаме на Олимписките игри во Токио
Дејан Георгиевски, таеквондист, кој пред една недела обезбеди норма за Олимписките игри, ќе биде знаменосецот на македонската делегација. Тој е вториот Македонец кој обезбеди олимписка норма, а претходно тоа му успеа на Могамедгаџи Нуров.
„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“, напиша Дарко Костовски.