Connect with us

Други спортови

Дејан Недев одликуван во Грција!

 За време на свеченото отварање на ИТКФ меѓународниот куп „Хидетака Нишијама“ изминатиот викенд во Неа Мудања, Грција, на Дејан Недев му беше доделено признание од градоначалникот на Неа Пропонтида, Манолис Карас за промоција и развој на карате спортот во грчката општина.

Карас свечено го отвори Купот во традиционално карате. Него исто така му беше доделено признание од Светската федерација за традиционално карате (ИТКФ) за поддршката во организација на ова натпреварување.

Недев и градоначалникот Карас се согласија во иднина овој натпревар да прерасне во традиција и секоја година да се одржува на исто место во исто време.

Advertisement

МТКФ заедно со ИТКФ веќе 10 години по ред организираат летни карате семинари и натпревари во оваа грчка општина.

Advertisement