Connect with us

Фудбал

Дејан Станковиќ ќе го предводи рускиот гигант!

Дејан Станковиќ потпиша договор со новиот клуб. Само неколку часа по одлуката да го напушти Ференцварош, кариерата ќе ја продолжи во Спартак Москва! Потврдата стигна од рускиот клуб кој се огласи на официјалната веб-страница. Се шпекулираше дека ќе замине во Италија, но дестинацијата е на другата страна на светот.

Наведена е неговата биографија и како играч и како тренер и се споменува дека учел од легендите како Свен Горан-Ериксон, Дино Зоф, Роберто Манчини, Алберто Закерони, Жозе Мурињо, Рафа Бенитез и Клаудио Раниери и дека тој доаѓа во Москва со освоената титула во Унгарија.

Спартак Москва е руски фудбалски гигант, кој има рекордни 22 шампионски титули и 14 рекордни пехари во рускиот куп.