Connect with us

Фудбал

Дејли Мејл: На Баерн му недостасуваат десет милиони евра за Мане

Баерн и Ливерпул се уште не се договориле за трансферот на Садио Мане. Сенегалецот влегува во последната година од договорот и Ливерпул сака да се ослободи од него, а веќе е најдена неговата замена во форма на Дарвин Нуњез од Бенфика. Баварците се многу заинтересирани за 30-годишниот Мане, но Ливерпул не се откажува.

Според „Дејли Мејл“, на Баерн во преговорите му недостасуваат уште десет милиони евра. Имено, Баварците прво понудија 25, па 28 милиони евра и уште осум милиони евра преку бонуси. Но, Ливерпул не сакаше ниту да слушне за такви опции и категорично ги одби понудите. Еден од бонусите се активира доколку Баерн освои три шампионски титули со Мане.

Баерн наводно вчера повторно пријавил и ја подигнал понудата со бонуси на 40 милиони евра, но Ливерпул бара десет милиони евра повеќе. Англичаните знаат дека Баерн бара 50 милиони евра од Барселона за Роберт Левандовски и дека може да плати онолку колку што бара Ливерпул, па ќе почекаат.

Во исто време на „Енфилд“ се работи и на трансферот на Дарвин Нуњез, кој ќе плати околу 100 милиони евра. Бенфика веднаш бара најмалку 75 милиони евра, додека остатокот најверојатно ќе биде договорен преку разни бонуси поврзани со настапот на Уругвај.