Фудбал
Дел Пјеро има малку поинаков предлог за крај на Серија А.
Легендата на Јувентус и на италијанскиот фудбал, Алесандро Дел Пјеро има своја визија за тоа како треба да заврши првенството во Италија.
Постојат многу предлози. Претседателот на ФС Италија, Габриела Гравина ќе даде се од себе за да се стави крај на шампионатот, барем во јули и август , иако илјадници луѓе веќе ги загубија своите животи во борба против коронавирусот.
Дел Пјеро донекаде се согласува со ваков предлог, но доколку се создадат соодветни услови, и тоа да биде без присуство на публиката.
„Се разбира, не е лесно да се гарантира дека сè ќе биде во ред на стадионите. Сепак, доколку се исполнети условите да играат без гледачи на тирбините до крајот на сезоната, тоа би било одлично за навивачите кои едвај чекаат да го „убијат“ времето гледајќи го од дома својот омилен тим“, рече познатиот италијанец.
„Секако дека ќе има страв во одредени ситуации, но спортистите се силни, можат да го надминат проблемот. Кога ќе се продолжи со игра, сигурно е дека ќе има пад и во физички и во психолошки аспект, бидејќи тренирањето на теренот и дома не е иста работа“.
Дел Пјеро на своја кожа ги почуствува последиците од коронавирусот. На деловен план, бидејќи тој мораше да го затвори ресторанот.
„Ресторанот морав да го затворам. Теретаните и сите оние објекти кои не се неопходни за живот се затворени. Животот се смени, дури и училиштата ќе бидат затворени до крајот на април“, додаде Дел Пјеро.