Connect with us

Кошарка

Демаркус Казинс ќе потпише договор со Денвер Нагетс

Центарот Демаркус Казинс ќе потпише 10-дневен договор со тимот на Денвер Нагетс, објавија американските медиуми.

Казинс (31), четирикратен НБА ол-стар, остана без тим откако претходно оваа недела му беше раскинат договорот со Милвоки Бакс.

Во Денвер Казинс ќе има можност да игра под водство на Мајк Мелоун, тренерот под чие менторство центарот ја играше својата најсилна кошарка со Сакраменто Кингс.

Во последните години Казинс се здоби со различни повреди, но со тимот на Милвоки направи серија солидни натпревари како резерва и постигна 9,1 поен, 5,8 скока и 1,1 асистенции по натпревар на вкупно 17 натпревари.

Центарот во својата кариера има настапувано и за Њу Орлеанс Пеликанс, Голден Стејт Вориорс, Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Клиперс.

Реклама

Facebook

Реклама