Фудбал
Демба Ба и судијата расист: Се е ОК!
Голем скандал се случи на мечот ПСЖ-Башикшехир пред една недела, кога четвртиот судија на мечот го употреби зборот „негро“ кога сакаше да му покаже на главниот судија на кого да му се покаже црвен картон, мислејќи на Пјер Вебо, асистент тренер во турскиот тим.
Потоа, Демба Ба, напаѓач, влезе во клинч со судијата барајќи објаснување зошто го употребил тој збор. Настана мешаница, па мечот беше прекинат и одигран следниот ден. УЕФА целосно ги промени судиите.
Сега, ситуацијата се средила, односно Демба Ба и романскиот судија се смириле. Така тврди Усман Ендоје, поранешен соиграч на Демба Ба во репрезентацијата на Сенегал кој долги години играл во Романија.
-Знам дека не е расист. Тоа беше само едно недоразбирање, изјави Ендоје, кој вели дека го пронашол телефонскиот број на судијата и му рекол да се јави на Демба Ба.
-Зборував и со Демба Ба, кој е мој добар пријател. Му ги објаснив работите и тој разбра. Му го дадов неговиот број на Себастијан и му реков да му се јави на Ба и да разговараат. Јас никогаш не видов расизам во Романија., вели тој и додава.
-Двајцата ми се јавија потоа и ми кажаа дека се ок. Демба ми кажа дека Себастијан е добар човек, како и Колстеску за Демба.