Connect with us

Фудбал

Дембеле одби да ја напушти Барселона, а Чави донесе неочекувана одлука

Усман Дембеле во неколку наврати ја отфрли можноста да го продолжи договорот со Барселона, што ги налути челниците на клубот кои му порачаа дека е најдобро да го смени клубот во јануари.

Иако имаше неколку примамливи понуди, на крајот Дембеле реши да остане во Барселона и да го напушти каталонскиот клуб без обештетување на лето по истекот на неговиот договор.

Ваквиот потег изненади многумина бидејќи од клубот му порачаа на Дембеле дека тој ќе седи на трибините до крајот на сезоната и нема да игра, што беше случај на претходните неколку натпревари на Барселона.

Чави не го користеше на претходните натпревари во јануари, но каталонски спорт пишува дека тренерот на Барселона решил да го промени тоа.

Наводно, Чави ќе го врати Дембеле во конкуренција за натпревари бидејќи не сака да да покаже на новите играчи во соблекувалната на Барселона таков однос кон играчите. Дембеле најверојатно повторно ќе биде во составот за натпреварите, но прашање е колку минути ќе има.

Сепак, прашање е како на сето тоа ќе реагира Жоан Лапорта, кој е крајно лут на Дембеле, кој повторно му наштети на клубот бидејќи во јануари одби да си замине.