Connect with us

Фудбал

Дембеле во уште еден неверојатен трансфер ја напушта Барселона

Францускиот фудбалер Осман Дембеле (21) во јануарскиот преоден рок би можел да оствари уште еден голем трансфер.

Овој 21-годишен фудбалер има доста проблеми во Барселона и се поголеми се шансите наскоро да го напушти клубот од „Ноу Камп“.

Според наводите на англиските медиуми Ливерпул подготви понуда за овој фудбалер. Нудат 100 милиони евра, а менаџерот Јирген Клоп е уверен дека Дембеле би можел да биде од голема помош на патот до титулата шампион на Англија.

Редсите веќа располагаа со одлични напаѓачи. Тука се Мохамед Салах, Саидо Мане, Роберто Фирмино и Даниел Стариџ, но секако, доаѓањето на Дембеле би ја зајакнала конкуренцијата.

Дембеле во последно време е во чести расправии со раководството на Барселона. Неколку дена не се појави на тренинзите, а тоа го чинеше место во тимот во натпреварот против Бетис.

Французинот во оваа сезона има одиграно 15 натпревари, а постигна шест голови и две асистенции.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com