Connect with us

Фудбал

Дербито ќе се игра, Јувентус отпатува во Милано

Иако имаше информации дека е можно вечерашното дерби да не се одигра, сепак екипата на Јувентус отпатува во Милано. Последен позитивен на Ковид 19 беше Хуан Квадрадо, откако Алекс Сандро покажа симптоми. „Старата дама“ требаше синоќа да отпатува, но здравствените власти се заканија доколку има уште некој позитивен, нема да дозволи да се одигра овој меч.

Сепак, дополнителните тестирања покажале дека сите останати фудбалери се негативни.

Дербито се игра вечерва во 20:45 часот, Милан ќе биде без Ибрахимовиќ поради повреда, а Јувентус без Квадрадо, Алекс Сандо и Мората.