Connect with us

Фудбал

Дерлис Гонзалес е најголемиот малер на Копа Америка


Дерлис Гонзалес не успеа на Парагвај да му донесе победа над Аргентина, имаше имаше прилика со удар од 11 метри да го направи тоа. Сепак, неговиот млако изведен пенал го одбрани аргентинскиот голман Армани, па средбата од групната фаза заврши 1-1. Ако победеше Парагвај, немаше да биде трети во својата група, туку втор, и немаше да игра четвртфинале со Бразил.
Кога веќе налетаа на Бразилците, Парагвајците добро се држеа, средбата заврши 0-0, а бидејќи мораше да има победник, се пристапи кон изведување на пенали.
Дојде редот удар од белата точка да изведе Дерлис, и тој повторно не беше успешен. Овојпат тој шутна покрај голот. За разлика од мечот со Аргентина кога имаше место за поправка, сега утката значеше елиминација на Парагвај. Солзите на очите на играчот на Сантош каде е позајмен од Динамо Киев, беа неизбежни.

.

Извор: Sportmanija.mk