Други спортови
„Десет години слушам лаги од семејството Шумахер! Па, сега е доцна за се“
Легендарниот Михаел Шумахер со години е надвор од очите на јавноста по тешката несреќа на скијање во 2013 година.
Славниот возач на Формула 1 се здоби со тешка повреда на главата поради која беше во индуцирана кома, а Шумахер наводно со години е во вегетативна состојба.
Семејството не открива премногу за состојбата на оваа легенда. Ова му пречеше и на неговиот легендарен менаџер Вили Вебер. Тој сака конечно да знае што се случува со неговиот пријател.
„Сето ова ме боли. Сто пати се обидов да ја контактирам Корина, но таа не одговори. Му се јавив на Жан Тод да прашам дали можам да одам во болница со него, а тој ми рече дека е рано. Следниот ден , никој не ми одговори.Не очекував такво однесување и уште сум лут“; Вебер изјави за „Gazzetta dello Sport“ и ја продолжи приказната:
„Бев целосно отсечен од се. Постојано ми велеа дека е прерано да го видам. Па, сега е предоцна. Поминаа девет години, можеби треба да се каже како што е“.
„Ја разбирам ситуацијата. Секогаш правев се за да го заштитам приватниот живот на Мајкл, но скоро 10 години слушам само лаги од семејството. Ништо не кажуваат за неговата состојба. Тој ми беше како син и ме боли јас да зборувам за тоа“, рече Вебер.
Да потсетиме, легендарниот Михаел Шумахер важи за еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња. Седум пати беше светски шампион и во кариерата има 91 победа.