Фудбал
Десет лица во Фиорентина имаат коронавирус
Сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо, призна за вкупно десет случаи на заболени од коронавирус во италијанскиот клуб.
„Ситуацијата се влошува. Клубот има десет болни лица. Тројца од штабот се примени во болница“, рече Комисо за „Скај Италија“.
Патрик Кутроне, Аргентинецот Херман Пакела и Србинот Душан Влаховиќ се играчите кои се болни со КОВИД-19.
Нивната состојба е позната уште од минатата недела.
Тогаш за нив беше кажано дека се лекуваат дома.
Клубот од Тоскана е еден од најтешко погодените од пандемијата во Италија досега.
Бреша, исто така, во четвртокот потврди дека двајца членови на италијанскиот клуб страдаат од коронавирус.