Connect with us

Фудбал

„Дете“ на Шкендија потпиша за Работнички

Работнички се договори со доскорешен играч на Шкендија, па големото засилување Арменд Алими, дресот на тимот од Дебар Маало ќе го носи и Арбин Зејнулаи, исто така фудбалер за врска.

Зејнулаи е дете на Шкендија, кој си замина од тетовскиот клуб летоска во првата „метла“ во актуелниот првак и замина во Локомотива Загреб, но многу брзо се враќа во Македонија и сега со „романтичарите“ потпиша на две години.

-Чест ми е што доаѓам во клуб си голема традиција каков што е Работнички. Се враќам во македонското првенство каде добро ги познавам состојбите и се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми е дадена. Верувам дека со напорна работа заедно ќе бележиме подобри резултати“, рече Зејнулаи.