Кошарка
Детроит го шокираше шампионот во НБА
Еден од најслабите тимови оваа сезона во НБА, Детроит Пистонс го шокираше шампионот на Милвоки Бакс и го победи на гости со 115-106. Ова беше прв пораз за „елените“ по шест средби, а за Пистонс втор последователен успех.
Средбата беше крајно изедначена, одлучувајќи се во последната четвртина.
Садик Беј беше најдобар стрелец со 34 поени и 8 скока. Џош Џексон додаде уште 24 поени, а Кејд Канингем 19 поени и 7 асистенции. За Милвоки Јанис Антетокумпо заврши со дабл-дабл од 31 поен и 10 скока, а Џру Холидеј додаде уште 29 поени.
Милвоки останува на третото место во Источната конференција со 25 победи и 14 порази од почетокот на сезоната, додека Детроит е на дното со 7 победи и 28 порази.
Резултати:
Филаделфија – Хјустон 133: 113
Вашингтон – Шарлот 124: 121
Бруклин – Мемфис 104: 118
Чикаго – Орландо 102: 98
Милвоки – Детроит 106:115
Њу Орлеанс – Јута 104:115
Далас – Денвер 103: 89
Голден Стејт – Мајами 115: 108
Портланд – Атланта 136:131
ЛА Клиперс – Минесота 104:122