Тајмаут
Девојка скришно му дала ливче со телефонски број на Педри, а сега е на удар на јавноста откако се дозна колку години има (ВИДЕО)
Пред неколку месеци девојка му пришла на фудбалерот Гави и му дала лист хартија со нејзиниот телефонски број. Сега истото го направи и една тинејџерка додека се фотографираше со Педри, за многу брзо да дознае дека има само 14 години, поради што фудбалерот на Барселона е на удар на јавноста, иако тешко дека во тој момент можеше да знае дека таа билa малолетна, ниту што му дава.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) February 20, 2023
На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види дека младата девојка го напишала својот телефонски број на лист, а потоа тајно му го подала, што фудбалерот на Барселона го прифатил и го ставил во џеб, исто како и неговиот соиграч Гави.
Не помина долго време за да се дознае дека девојката се вика Дестини Рајли од Барселона, која иако пишува дека има 18 години, излезе дека е родена во 2009 година. Сега Педри е во неволја и ќе мора да ѝ објасни на јавноста зошто го прифати тоа парче хартија, а се чини дека и Барселона ќе мора два пати да размисли пред следниот пат да организира собир на навивачи, бидејќи некои се чини дека тоа го користат на погрешен начин.