Connect with us

Тајмаут

Девојката која го обвини Нејмар за силување откри каков пекол преживува изминативе неколку дена

Нахила Триндаде пред неколку дена откри како се вплеткала во љубовната афера со Нејмар и за првпат се отвори во јавноста со опширно интервју, но сега реши да има и второ обраќање во јавноста со цел да ја долови тешката ситуација.

Младата девојка која има еден син со солзи во очите порачува дека животот и се претворил во пекол во последните неколку дена, бидејќи поради заканите кои ги добива и грабежот кој го преживеала, почнува да има проблеми со здравјето.

– Мислам дека сега не е најдобро време да продолжам да зборам за тоа и дополнително да се истакнувам. Морам да се опоравам, воопшто не сум добро. Имам панични напади, не можам да се грижам за мојот син. Не спијам, пијам антидепресиви и бидејќи не можам да јадам, загубив 10 килограми последнава недела. Ми се случуваат многу лоши работи, ме следат мене и моето семејство. Ми го обија апартманот и ми украдоа работи, се измислуваат многу нешта за мене. Животот ми се претвори во пекол, – порачува расплаканата Нахила во интервјуто за „Доминго Еспетакулар“ и додава.

– Најголемата грешка што ја направив оваа година е тоа што го реактивирав мојот Инстаграм профил. Ако останеше затворен и деактивиран, мојот живот сега ќе беше мирен, – потенцира девојката која го обвини Нејмар за физички напад и силување.

Извор: Дерби

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Тајмаут

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com