Connect with us

Тајмаут

Девојката која го обвини Роналдо за силување, повторно бара пари, овој пат 80 милиони евра

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо пред три години се најде во центарот на скандалот во кој Американката Кетрин Мајорга го обвини за силување. Мајорга и Роналдо се запознале во 2009-та година во еден ноќен клуб во Лас Вегас, а наводно Роналдо ја присилил на анален секс во нејзиниот апартман.

Кетрин пријавила во полиција, а подоцна бил испрашан и Роналдо, кој се правдал со зборовите дека сексот бил груб и дека девојката воопшто не викала за помош. На крајот, се завршило со тоа што Роналдо и платил на Кетрин 375.000 долари се да заборави.

Но, неколку години подоцна таа сепак одлучила да прозбори. Наводно тој ја силувал во нејзиниот апартман иако одбила да има секс со него.

Поднесе и пријава со која од Роналдо бара пари за претрпена душевна болка и стрес и бара дури 80 милиони долари оштета.

Роналдо, секако ги отфрла обвинувањата.

Реклама

Facebook