Тајмаут
Девојката на познатиот фудбалер прошета во проѕирен фустан и танга
Денес познатите фудбалери заработуваат десетици или стотици милиони евра спортувајќи и рекламирајќи разни брендови, па секако тие се вистинска мамка за убавите жени.
Деле Али играјќи на високо ниво за Тотенхем се здоби со голема популарност. Тој беше член на Спарс од 2015 до 2022 година и токму преку настапите во лондонскиот клуб се здоби со статус на англиски репрезентативец, но стана и препознатлив ширум светот.
Иако на почетокот на годината потпиша за Евертон каде одигра само 13 натпревари, летово на позајмица се пресели во турски Бешикташ. Со оглед на парите со кои располага, како и неговата голема популарност, не е ни чудо што секогаш е опкружен со убавици.
Беше со ќерката на Пеп Гвардиола, а сега е во врска со манекенката Синди Кимберли. Папараците веќе ги „уловија“ летово за време на Италија, каде и двајцата летуваа заедно, а на насловните страници на таблоидите се најдоа некои пикантни фотографии.
Неговата нова девојка е исклучително жешка, а сега на модната писта се појави во проѕирен фустан и танга.
Синди учествуваше во колекцијата Mirror Palais составена од дизајнерот и сопственик Марсело Гаја.
Црнокосата убавица на модната писта се појави во бел фустан и бели потпетици и фотографиите ги сподели на Инстаграм.
Кога имала само 17 години, Синди била во врска со Џастин Бибер. Таа во тоа време била студентка и заработувала само 2,90 фунти на час грижејќи се за децата, но набрзо нејзиниот живот се променил и станала позната, богата и сакана.
Таа, исто така, беше романтично поврзана со легендата на Формула 1, Сер Луис Хамилтон во 2019 година, иако во тоа време таа инсистираше дека двајцата се „само пријатели“.
Таа моментално е со Али во Турција, а колку ќе трае нивната љубов и дали е бескрајна, останува да видиме…
View this post on Instagram
