Фудбал
Џака и Шаќири се во незавидна ситуација, мора да го исфрлат „своето“ Косово
Фудбалерите на Швајцарија до 88. минута го в „џеб“ пласманот на ЕП, но по голот на Израелецот Шон Вајсман (1:1) ќе мора да ги чекаат последните два натпревари за пласман на ЕП.
Првата меч топка Швајцарците ќе ја имаат веќе на следниот меч во сабота, а тој меч ќе биде особено емотивен за најголемите ѕвезди Гранит Џака и Џердан Шаќири. Имено, Џака и Шаќири ќе се најдат во крајно незавидна ситуација со оглед на тоа што ќе играат против „своето“ Косово, со кое Швајцарија се бори за пласман на ЕП.
Поточно, со победа во Базел, Швајцарците ќе одат на ЕП, а и со нерешен резултат, Косовците ќе останат без шанса да се пласираат во конкуренција на најдобрите европски репрезентации. Да потсетиме дека родителите на Џака се од Косово, додека Шаќири е роден во Косово. Покрај нив двајца, во редовите на Швајцарија има уште двајца играчи чии родители се Косовци, Анди Зеќири и Уран Бислими, кои дури лани двапати играа за Косово и постигнаа еден гол. Ардон Јашари, чии родители се од Северна Македонија, исто така е етнички Албанец.