Фудбал
Џани „украде“ полициска кола
Езџан Алиоски продолжува да прави лудости и во дресот на репрезентацијата. Пред тренингот на Македонија, Алиоски реши да им го „украде“ возилото на романските полицајци. Крилниот играч влезе и најави дека ќе го стартува возилото, а тоа го улови фоторепортерот.
Миговите пред тренингот ги искористи малку да го почувствува жандармериското возило на романската полиција. Се разбира сето тоа наиде на разбирање и кај припадниците на романската полиција.
ФОТО: ФФМ