Connect with us

Фудбал

Џенова до Пандев: 32 пати ти благодариме (ВИДЕО)

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев доцна синоќа во последните часови од јануарскиот преоден рок направи изненадувачки трансфер во Парма. Од неговиот досегашен клуб Џенова порачаа дека не беше лесно да се прифати неговата одлука, но сепак му се заблагодарија за се што направил за овој тим.

На социјалните мрежи објавија: 32 пати ти благодариме! Секако со ова мислат на неговите 32 голови во дресот на овој тим, а воедно и „закачија“ линк од видео головите на Пандев.