Connect with us

Фудбал

Џенова во Хрватска нашла замена за Пандев

Замената за Пандев е од Хрватска и тоа фудбалерот на едно од овосезонските изненадувања Горица, 25-годишниот Кристијан Ловриќ.

Горан Пандев е на крајот од својата фудбалска кариера. Ветеранот најави пензија по крајот на тековната сезона, но сè уште ја нема донесено конечната одлука.

Бидејќи Пандев сериозно размислува за пензија, ама сѐ уште не донел конечна одлука и најави дека после дебито со Македонија на ЕП ќе ги разреши сите дилеми, Џенова е практично на „стенд бај“, иако не се исклучува и можноста Ловриќ да биде ангажиран и ако Пандев остане да игра уште една сезона, со што Хрватот би добил една година за добро прилагодување.