Фудбал
Џеси Лингард ја одбра следната дестинација
Ако им се верува на најавите од Англија, Џеси Лингард нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед во остатокот од сезоната.
Засега интерес за англискиот офанзивен играч покажаа Шефилд Јунајтед и Ница и се чини дека тој ја одбра следната дестинација.
Французите контактираа со агентите на играчот, но тој претпочита да остане на Островот.
Телеграф тврди дека Лингард ќе ги помине следните шест месеци на позајмица во Шефилд Јунајтед.
Лингард одигра само три натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“ од август, што е многу помалку од минатата сезона кога забележа 40 настапи.