Други спортови
Џиро д’Италија започнува во Торино
Една од најпознатите велосипедски трки во светот, Џиро д’Италија ќе започне на 8 мај во Торино.
Покрај воведното, во регионот Пиемонт ќе се возат уште две етапи, а трката ќе започне со девет километри хронометар низ улиците во Торино.
Регионот Пиемонт ќе биде домаќин и на Џиро во последната недела од трката, кога ќе се одржи 19 етапа.
Патем, првично беше планирано Џиро д’Италија да започне од Унгарија, но организаторите беа принудени да направат нов план.
Џиро д’Италија ќе трае од 8 до 30 мај.