Connect with us

Кошарка

Џордан Пул е третиот играч во историјата на Вориорс кој постигнал 30+ поени во своето деби во плејофот

Кошаркарот на Голден Стејт, Џордан Пул стана третиот играч во историјата на Вориорс кој постигнал 30 поени или повеќе во своето деби во плејофот.

Пред него само Вилт Чембрлен (35) и Мич Ричмонд (30) има атакво достигнување.

Ноќта сабота кон недела, во првиот натпревар од НБА плејофот прво коло, против Денвер (123:107, 1-0), 22-годишниот играч влезе на теренот наместо Стеф Кари, кој пропушти еден месец поради повреда. Пул реализираше 9 од 13 од поле, 5 од 7 од зад линијата за три поени, 7 од 8 од линијата за слободни фрлања и направи 3 асистенции, 1 скок и 3 загубени топки за 30 минути на теренот.

Пул, исто така, стана само вториот играч во историјата на НБА кој постигнал 30+ поени и постигнал пет тројки во своето деби во плејофот. Претходно само Кајри Ирвинг (2015) успеа да го направи тоа.

Реклама

Facebook