Connect with us

Фудбал

Ди Франќеско: Имам чувство дека Џеко сака да игра навечер

Тренерот на Рома Еузебио Ди Франческо одушевен е од настапот на неговата екипа, а посебно го пофали Един Џеко.

Џеко беше двоен стрелец во победата од 3:0 над ЦСКА, а направи и една асистенција и сега со пет голови е прв стрелец во Лигата на шампионите.

„Џеко да погодеше против СПАЛ, би бил посреќен! Знам дека не сака да игра со долги топки, но од време на време треба да се прилагоди на тој притисок. Џеко му помагаше на соиграчите напред и ја контролираше топката. Имам чувство дека повеќе ужива додека игра навечер отколку во попладневните часови“, изјави Ди Франческо, па продолжи:

„Ние уште многу работи треба да подобриме, но вечерва сум задоволен. Не ми се допадна она што случи во саботата против СПАЛ. Играчите мораат да се подготват цела недела за еден натпревар, не можа само да дојдат пред натпреварот и да кажат: ’Океј, одиме сега да играме’. Тоа не оди така, кажа Ди Франческо.

Рома сега има шест бодови како и Реал Мадрид, ЦСКА има честири, а Плзен има еден бод. Во наредното коло Волчицата ќе игра против истиот ривал но во Москва.