Connect with us

Фудбал

Ди Мариа и испрати порака на сопругата пред финалето: Љубов, ќе бидеме шампиони. Тоа е запишано

Аргентина пред нешто повеќе од три дена го освои Светското првенство во Катар и на тој начин го доби трофејот што го чекаше цели 36 години. Тимот на Лионел Меси ја победи Франција во веројатно најдоброто финале во историјата на Светските првенства по подоброто изведување пенали.

Еден од клучните играчи на Аргентина на тој натпревар, како и на целиот турнир, беше фудбалерот на Јувентус, Анхел Ди Мариа. Крилниот напаѓач постигна гол во текот на 120 минути игра, а беше прецизен и во пенал рулетот. Дека Ди Мариа бил сигурен дека ќе ја освои титулата со Аргентина, потврдува и неговата преписка со сопругата непосредно пред финалето, која ја објавија англиските медиуми.

„Ќе бидам шампион, љубов моја. Тоа е запишано. Ќе дадам гол, затоа што тоа е запиша како Маракана и Вембли. Оди и уживај, затоа што ќе бидеме шампиони. Ние 26-те овде и нашите семејства го заслужуваат тоа“, напиша Ди Мариа во пораката.